Македонија убедливо загуби од моќната Шведска

- Спорт
705

Шведска ја совлада Македонија со резултат 32:2o и на тој начин го потврди своето место на Европското првенство во Франција во женска конкуренција. Со оглед на тоа дека шансите за пласман на нашата репрезентација се загубени, последниот натпревар во Ниш ќе се одигра само формално.

Шведска уште на почетокот на натпреварот ја покажа својата доминација и ја оправда улогата на фаворит.

Постојано се зголемуваше предноста на швеѓаните, а Македонија не се снајде во нападот, на моменти и одбраната не функционираше. Во текот на натпреварот нашата репрезентација имаше подобрување во играта, но тоа не беше доволно за да се стопи предноста на Шведска која на моменти беше и двоцифрена како и на самиот крај на натпреварот.

МАКЕДОНИЈА – ШВЕДСКА        20:32 (7:16)

Сала: СРЦ „Кале“ во Скопје. Гледачи: 500. Судии: Флоријан Хофер и Андреас Шмидхубер од Австрија.Делегат: Андреј Андреев од Бугарија.

МАКЕДОНИЈА: Серафимова (5 одб.), Петковска, Гакидова 1, Д. Георгиевска, Боризовска, Бајрамоска, Нолевска, Е. Георгиевска 3, Николиќ 1, Керамичиева 2, Јанеска 5, Јовановска, Ристовска 5, Ливриниќ, Саздовска 1, Штериова 2.

Седмерци: 2/6, Исклучувања: 8 мин.

ШВЕДСКА: Иден (9 одб., 2 сед.), Бундсен, Мелегард 3, Стромберг 1, Робертс 7, Санд 4, Лундстром, Густин 1, Вестберг 2, Лагерквист 1, Гулден 3, Бломстранд 1, Хагман 7, Јакобсен, Алм, Хвенфелт 1.

Седмерци: 2/2, Исклучувања: 6 мин.

 

Facebook Коментари