Објавена музичката програма за ,,Охрид вино фест 2023“

- Локални
1017
Уште само неколку дена не’ делат од почетокот на второто издание на винскиот фестивал во Охрид кој ќе се оддржи на 22, 23 и 24-ти  јуни.
,,Богата музичка програма со македонски музички артисти е тоа што ќе го дополни уживањето во дегустацијата на македонските вина и вкусната храна. На отварањето на фестивалот во четврток на сцената ќе ги видиме Баклава, Миле Кузмановски и Куку Леле. Во Петок Брас Брадрс, охридските рокери Бекдор Бенд и Лугер, како и легендарните Нокаут, а на последниот ден, во сабота Александар Јосифовски, Фиц енд д инвизиблс (студени нозе грејтест хитс) и Фанк Шуи.“-информираат организаторите.
Сите денови настанот ќе го отвара диџеј РУТБОЈ СЕЛЕКТОР од 18:00 часот, а бендовите ќе ги забавуваат гостите до 01:00 часот.
Целта на фестивалот е да постане традиционален и да ја дополни богатата културна програма на Охрид.
Strugaonline

Facebook Коментари