Обука за нови спасители на отворени води во Струга

- Локални
1073

Во пресрет на новата летна сезона, Црвен крст Струга организира обука за нови спасители на отворени води.

Како и секоја година, обуката која трае седум дена ќе биде реализирана во втората половина на месец јуни, односно во периодот од 23 – 30 јуни.
Програмските активности ќе бидат водени од страна на националниот инструкторски тим при Црвениот крст на Република Македонија, а ќе се состојат од обработка на теоретски и практични наставни единици од областите на безбедност на вода и прва неодложна медицинска помош.

Сите заинтересирани кандидати можат да се пријават најдоцна до 18 јуни, 2018, со електронско пополнување на формуларот достапен на овој ЛИНК.

Подетални информации во однос на условите и начинот на организација на обуката можат да се добијат во просториите на Црвен крст Струга или на e-mail адресата [email protected].

Извор и фото: spasitelnavoda.mk

Strugaonline

 

Facebook Коментари