Oбуки на УЈП во Струга и Охрид

Даночната академија на УЈП организира еднодневна обука за пријавување, оданочување на приходи остварени од издавање под закуп и подзакуп на движен и недвижен имот и даночните поволности. Обуките ќе се реализираат во период од 09 до 31 јануари 2018 година. Обуката во Струга ќе се одржи на 22-ри јануари со почеток од 12:00 часот во Даночното одделение во Струга. Освен во нашиот град, обуки на оваа тема ќе се одржат и во Охрид, Скопје, Прилеп, Кавадарци, Велес, Пехчево, Свети Николе, Крушево, Куманово, Радовиш, Кичево, Битола, Македонски Брод, Валандово, Ресен, Струмица, Кратово, Берово, Пробиштип, Неготино, Гевгелија, Крива Паланка, Дебар, Штип, Кочани, Тетово, Демир Хисар, Делчево и Виница. Целна група за оваа обука се граѓаните- физички лица кои за да учествуваат треба да се регистрираат односно да се најават кај наведеното контакт лице за нивниот град надојцна два дена пред почетокот на обуката.
Strugaonline

