Лице од с.Велестово кривично ќе одговара за казнено дело „загрозување на сигурноста“

- Хроника
787

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 48-годишниот Г.К. од селото Велестово поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „загрозување на сигурноста“.

– Пријавениот, казненото дело го сторил на десетти декември минатата година, околу 13:00 часот на локалниот пат кон селото Велестово. Револтиран што на патот бил запрен џип марка „Ленровер“ пријавениот кој со друго патничко возило се движел по локалниот пат, застанал и излегол од возилото по што започнал вербална расправија со 57-годишниот А.А. од селото Рача. Потоа, извадил нож со сечиво од околу триесеттина сантиметри и почнал да му се заканува. Понатамошниот тек на настанот бил спречен од присутни граѓани кои, Г.К. го оттргнале на страна. Истиот, притоа фрлил со камен кон автомобилот на А.А. оштетувајќи го ретровизорот, информираат од СВР Охрид.

Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари