На 06.10.2020 околу 23.00 часот на улица „Јово Стефаноски Риле“ во Струга, полициски службеници од полициската станица Струга, врз основа на судска наредба, го лишиле од слобода и привеле Р.М.(41) од Струга за издржување казна затвор од девет месеци. Тој бил спроведен во Казнено поправната установа Струга.
На 06.10.2020 околу 13.00 часот кај „Мороишки мост“, на регионалниот пат Струга-Дебар, полициски службеници од ОВР Струга сопреле товарно возило „Ман“ со струшки регистарски ознаки, управувано од А.М.(40) од Струга, а сопственост на фирма од Струга. При преглед на возилото било констатирано дека дрвата што ги превезувал немаат жиг, а испратницата е со поминат датум. Веднаш била известена шумската полиција во Струга а камионот бил упатен во шумското стопанство „Јабланица“. Во просториите на шумското стопанство возачот и три други лица, кои подоцна пристигнале, ги истовариле дрвата, по што возачот заминал со камионот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“, ОВР Струга поднесе кривична пријава против Ш.М.(49) од Струга. Тој, на 21.08.2020 година околу 14. час. отишол во канцеларија на адвокат во Струга, кој претходно го имал ангажирано и му упатил сериозни закани барајќи му ги парите што претходно му ги исплатил за застапништво.
Извор: СВР Охрид
Facebook Коментари