Почина познатиот гитарист Еди ван Хелен

- Свет
662

Еди ван Хелен, еден од најпознатите рок-гитаристи и основач на рок-групата „Ван Хелен“ почина денеска.

Вест ја објави неговиот син Волфганг на Твитер.

„Не ми се верува дека морам да го напишам ова, но татко ми Едвард Лодевијк ван Хален ја загуби долгата и тешка битка со карциномот утрово“, напиша Волфганг.

Познатиот музичар имаше 65 години. Роден е во Амстердам, на 26 јануари 1955 година. Еди и неговиот брат Алек ја основаа групата „Ван Хелен“ на почетокот на 1970-тите во Лос Анџелес, САД.  Првиот албум го издадоа во далечната 1978 година. Албумот беше 19-ти на Билборд топ-листата, што го прави едно од најуспешните дебија во таа деценија.

На Еди лани му беше дијагностициран карцином на грлото.

Facebook Коментари