Од билтенот на СВР Охрид: Жител на Лабуништа прекршил мерки за изолација, охриѓанец одзел туѓа Diners картичка и го оштетил сопственикот за над 70 илјади денари

- Локални
542

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“, ОВР Струга поднесе кривична пријава против К.М.(28) од струшкото село Радолишта. Тој, на 02.03.2020 година,  во угостителски објект во селото, започнал вербална расправија а потоа со тврд предмет го нападнал М.Д.(55) од истото село.

ОВР Струга, поднесе кривична пријава против Д.Д.(34) од струшкото село Лабуништа, со живеалиште во Струга, поради  постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. Тој, на 23.04.2020 година, иако  му е издадено решение од  Државниот санитарен и здравствен инспекторат за изолација бил забележан во аптека во Струга. Со тоа, пријавениот не ја почитувал одлуката на владата за забрана на движење на населението.

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ж.Р.(30) од Охрид. Тој, на 27.07.2020 година  одзел „Diners“ картичка сопственост на Н.Р. од Скопје, и на повеќе терминали во Охрид, неовластено извршил 19  трансакции. На тој начин, пријавениот се стекнал со против правна имотна корист во износ од 73..500 денари.

Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари