НУ Центар за култура „Григор Прличев”-Охрид во соработка со Кинотека на Македонија ве покануваат на македонски филмски класици. Влезот за проекциите е слободен, а ова е редоследот на филмови што ќе можете да ги проследите:
Во четврток, на 2-ри мај ќе се прикажува филмот „Џипси меџик“ од 1997 година, во режија на Столе Попов со почеток во 18:00 часот. Во главните улоги играат: Шијаковиќ Арна, Чевревски Данчо, Додевски Горан, Иванова Катина, Манојловиќ Предраг – Мики,Бајрам Северџан, Трпкова Синоличка, Михајловски Тони, Јачев Владимир, Хасан Џемаил и други.
Истиот ден од 20:00 часот ќе се прикажува филмот „Среќна нова 49“, исто така во режија на Столе Попов. Во главните улоги играат: Мето Јовановски, Светозар Цветковиќ, Владислава Милосављевиќ и други.
Во сабота, 4-ти мај, во терминот од 20:00 часот ќе биде прикажан филмот „Тетовирање“ на Столе Попов. Во главните улоги играат Мето Јовановски, Столе Аранѓеловиќ, Љиљана Меѓеши, Јовица Михајловски, Кирил Поп-Христов, Светозар Цветковиќ, Зоран Цвијановиќ, Александар Чамински, Данчо Чевревски и други
Strugaonline
Facebook Коментари