Водечките музички ѕвезди на денешницата за најсилен EXIT досега – на Тврдината доаѓаат The Chainsmokers!

- Забава
658

Откако овогодишната импресивна листа на Егзит хедлајнери ја отворија музичките гиганти Д Кјур (The Cure), беше објавено дека на Петроварадинската тврдина доаѓаат и можеби моментално најпопуларните светски ѕвезди на новата генерација, американскиот хит состав Д Чејнсмоукерс (The Chainsmokers)! Нивната фантастична популарност само во последните пет години им донесе вртоглави десет милијарди прегледи на Јутјуб и неверојатни 24 награди, со дури 76 номинации, од кои една Греми, три Ем-ти-ви и дури седум Билборд награди!

Сето тоа успејаа да го направат со само два студиски албуми, како и 34 синглови, од кои 19 добија и свој видео спот, со кој ова апсолутно хит дуо со своите успеси зад себе ги остава и ѕвездите како Лејди Гага, Дејвид Гета и Калвин Харис. Подеднакво ги освоија сите водечки глобални музички топ листи, како и насловните на најтиражните светски медиуми, додека Лос Анџелес Тајмс неодамна ги претстави како најголемите поп ѕвезди на Америка. Колку е голем нивниот меѓународен углед говори и тоа што дури и прочуените Колдплеј (Coldplay) се согласија да им гостуваат во планетарниот хит „Something Just Like This“! Така, Чејнсмоукерс се придружуваат на ѕвездената програма на овогодинешното издание на ЕГЗИТ фестивалот, кој освен Кјур, го предводат водечките рокенрол, хип хоп и електронски ѕвезди на денешницата: Грета Ван Флит (Greta Van Fleet), Карл Кокс (Carl Cox), Скепта (Skepta), Диџеј Снејк (DJ Snake), Пол Калкбренер (Paul Kalkbrenner), Димитри Вегас и Лајк Мајк (Dimitri Vegas i Like Mike), Соломун (Solomun), Дизајнер (Desiigner), Амели Ленс (Amelie Lens), Борис Брејча (Boris Brejcha) и многу други.

Многумина предвидуваат дека нивниот трет албум, најавен за оваа година, дополнително ќе ја зацврсти нивната доминација на музичката сцена, а со ова мислење согласен е и познатиот српски музички критичар Драган Амброзиќ: „Чејнсмоукерс претставуваат еден од најголемите поп состави кој се појави во последно време на глобалната музичка сцена. Брзината на нивниот успон на светскиот трон претставува посебен феномен и вистинска реткост е во музичките кругови. Не изгледа дека наскоро ќе си одат од него”. Токму затоа се очекува дека главната бина на ЕГЗИТ фестивалот во петок, на 5-ти јули, кога ќе ја преземат Чејнсмокерс, брзо ќе стигне до максималниот капацитет!

Неуморниот тандем го сочинуваат Алекс Пал и Дру Тагарт, кои својата соработка ја започнуваат во 2012-та година во Њујорк правејќи ремикси за инди рок бендови, а веќе од 2013 година започнуваат да ги нижат првите синглови, кои еден по друг бележат успеси на американската денс сцена. Првиот мултиплатинест тираж и Топ 10 пласман на американската листа доаѓа со синглот „Roses“, а веќе наредната година го издаваат „Don’t Let Me Down“, со кој ја освојуваат целата планета и својот прв Греми! Следуваат настапи на најголемите фестивали и десетина нови хитови, меѓу кои и седмократно платинестиот хит „Closer“, кој држи рекорд како песна која во 2016 година најдолго се задржала на првото место. Нивниот албум првенец „Memories… Do Not Open“ ги лансираше на првото место на листата на најдобри музички албуми, а меѓу песните од ова издание е и двократно платинестата нумера „Paris“, според која наскоро ќе се сними и филм! Нивната песна „Something Just Like This“, која ја снимија со едни од најголемите бендови во модерната музичка индустрија, составот Колдплеј, е најдолговечната песна на денс топ листата, а веднаш зад неа се наоѓа песната „Lean On“, потпишана од уште една ѕвезда на овогодинешниот Егзит, Диџеј Снејк.

Неуморниот тандем веќе трета година по ред официјално е и најуспешниот денс изведувач, а со ова достигнување може да се пофали само уште Лејди Гага! Претходната година ќе ја паметат по дури пет Топ 10 синглови, со што зад себе ги оставија „тешкашите“ Дејвид Гета и Калвин Харис, кој некогаш им бил идол.  Токму во годината кога доаѓаат на Петроварадинската тврдина, дуото со хитмејкерски допир ќе го објави и третиот, нов албум „World War Joy“, а ова издание, кое со своето име најавува нумери полни со позитивна енергија, го предводи синглот „Why Do You Love“ со популарниот состав Фајв Секондс оф Самер (5 Seconds of Summer), а песната за само 24 часа се најде на првото место на Ајтјунс листата!

Купи 4, зграпчи 5: Почна популарната EXIT акција “4+1”!
Од вчера започна и популарната “4+1” акција, со која друштвото кое заедно ќе купи четири влезници за EXIT фестивалот, петтата ја добива како подарок, а ќе трае додека да се распродаде многу ограничениот број на влезници за оваа акција. Четиридневните EXIT влезници моментално се 3850 денари, што е висока заштеда од 45% во однос на финалната цена! Цената на влезниците за првиот фестивалски ден, кога настапуваат The Cure, изнесува 1800 денари за партер, 3580 денари за ФАН ПИТ, додека цената на ГОЛД ВИП дневната влезница за 4-ти јули е 6515 денари. Влезниците за EXIT може да се набават преку mktickets.mk и на официјалната страница exitfest.org. На сајтот на официјалната туристичка агенција exittrip.org достапни се и туристички пакети кои покрај влезниците, содржат и разни опции за сместување и превоз.

Strugaonline

Facebook Коментари