Од денеска посебен режим во сообраќајот на булеварите „Туристичка” и „Асном” во Охрид

- Локални
314

Полициската станица за безбедност во сообраќајот на патиштата Охрид, ја известува јавноста дека, од денеска на сила ќе биде посебен режим во сообраќајот на булеварите „Туристичка” и „Асном” во Охрид.

-Поради значителните оштетувања на коловозите на овие сообраќајници, предизвикани од дефект на водоводна мрежа, ќе нема можност за нормално одвивање на сообраќајот по булеварот „Туристичка” од крстосница со „Асном” до улицата „Јане Сандански” и крстосницата на булеварот „Туристичка” до улицата „Никола Карев”. -стои во соопштението од СВР Охрид.

Од таму апелираат  до учесниците во сообраќајот, да бидат внимателни, да ја почитуваат поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација како и насоките на полициските службеници.

Strugaonline

фото: архива

Facebook Коментари