Времена забрана за пиење на водата од водоснабдителниот систем во Охрид

- Локални
294

По синоќешниот дефект во водоводната мрежа поради пукната цевка  на пресекот од булевар „Туристичка“ со улицата „АСНОМ“, времено се забранува за пиење и миење водата од централниот систем за водоснабдување во Охрид.

– Поради настанат дефект на водоводната мрежа на кружниот тек кај бензиската пумпа Макпетрол – Билјанини извори и појава на зголемена матност во водата за пиење во одредени делови од градот, времено се забранува за пиење и миење водата од централниот систем за водоснабдување на градот Охрид, информираат од ЈП „Водовод“ Охрид.

Доддаваат дека ова ќе важи се додека не излезат со ново соопштение после санирање на настанатиот дефект.

Strugaonline

Facebook Коментари