Од ноември, 2022год. ќе започне со работа детското драмско студио при НУЦК „Григор Прличев” Охрид.
,,Ги покануваме сите деца со интерес за театарска уметност , а особено глума, на возраст од 9-14 години, да се пријават за аудиција, која ќе се одржи на 1-ви ноември, 2022 во 19.00 во просториите на установата.,, -велат од охридскиот центар за култура.
Додаваат дека за аудицијата, треба да подготвите двеминутна сценска изведба (мал рецитал, монолог, песничка, одломка, перформанс…), со која ќе се претставите пред вашите идни ментори. Со детското драмско студио ќе работат професионални режисери и драматурзи вработени во Охридски театар.
Испратете ги вашите пријави на адреса [email protected], со наслов: „Пријава за член на драмско студио” и со следниве информации: Име и презиме;Година на раѓање; Училиште; Какви други интереси имаш (пр. спорт, уметност, музика, танц…); Телефон од родител.
Facebook Коментари