Општина Струга се приклучува на проектот на СОС Детско село “Унапредување на системски недостатоци – Поддршка на реформите во системот за заштита на деца”

- Локални
241
Градоначалникот Рамис Мерко заедно со директорот на Центар за социјална работа Мевмед Халили вчера оствари средба со  претставници од СОС Детско Село од Скопје.
Општина Струга се приклучува на проектот на СОС Детско село и Министерството за труд и социјална политика на Република Северна Македонија “Унапредување на системски недостатоци – Поддршка на реформите во системот за заштита на деца” (Addressing systemic Gaps – Support to Child Welfare System Reforms) поддржан од Германското Министерство за економија и развој.
-Во склоп на овој проект се спроведува националната кампања “ПОДАЈ РАКА И ПРОМЕНИ ЖИВОТ – СТАНИ ЗГРИЖУВАЧ!” со цел покренување на свеста и колективното знаење за процесот на згрижувањето, како и информирање за значењето и бенефитите на програмата за згрижување на деца.Овој проект е од голема важност како на локално, така и на национално ниво, бидејќи покрај тоа што ја зголемува свеста за згрижување на деца, го зголемува бројот на потенцијални згрижувачи и истовремено креира достапна мрежа на згрижувачки/роднински семејства низ целата теритотија на државата-соопштија од Општина Струга.
Од таму додаваат дека на тој начин ќе придонесеме децата во нашата држава, да продолжат да живеат во познато опкружување, културолошки блиски на нивното потекло, преку истовремено обезбедување грижа и заштита на децата, одржување на врските со семејството, заедницата и културното потекло.
Strugaonline

Facebook Коментари