Од понеделник нивото на вештачката акумулација Глобочица ќе се одржува на пониска кота

- Локални
118

АД ЕСМ, Подружница ХЕС Црн Дрим, почнувајќи од понеделник, 14 октомври, по Барање на Здружението на граѓани „Пријатели на родниот крај Глобочица“ ќе го одржува нивото на вештачката акумулација Глобочица на пониска кота.


„Мерките се преземаат поради најавата од Здружението, дека во наредниот период ќе се гради камбанарија во рамките на црквата „Свети Илија“ што е во непосредна близина на акумулацијата. “ – информираат од АД ЕСМ

Согласно најавените активности, пониската кота ќе се одржува во период од 10 до 15 дена.

Strugaonline

фото: архива

Facebook Коментари