Во текот на вчерашниот ден, Струга честуваше по повод Денот на ослободување на градот од фашистичката окупација ( 1944 – 2018 ). Чествувањето се одвиваше во организација на ОО на Сојузот на борци од Струга и Локлната самоуправа.
По тој повод беше положено свежо цвеќе на спомен обележјата од НОБ.
Предводена од претседателот ОО на Сојузот на борци Ајредин Мемеди, делегацијата положи седумдесет и четири ружи пред споменикот на Револуцијата на плоштадот во Струга, за седумдесет и четири години слободна Струга.
„Овој ден е голем празник за сите нас затоа што ја славиме победата за подобро утре,се потсетуваме на херојските дела,но и го продолжуваме аманетот на нашите предци,да ја сочуваме крваво добиената слобода.“ – истакна Мемети во своето обраќање.
По повод одбележувањето на овој ден, во просториите на Сојузот на борци се одржа прием на преживеаните борци, членовите на семејствата на паднатите борци и други граѓани и гости.
Текст и фото: Стојан Кукунешоски
Strugaonline
Facebook Коментари