Охрид по седми пат ќе биде домаќин на летната школа „Направи разлика – стани млад лидер“

- Локални
1013

Во организација на Економски факултет Скопје и студентската интернационална платформа топ Скопје, по седми пат во Охрид ќе биде одржана меѓународна летна школа„Направи разлика – стани млад лидер“

Меѓународната летна школа ќе се одржи од 7-ми до 13-ти август во Конгресен центар Охрид

Темата на овогодинешната Школа, „Направи разлика – стани млад лидер во справување со новите економски предизвици на патот кон ЕУ”, е дефинирана во согласност со актуелните проблеми и предизвици со кои се соочуваат земјите од регионот на патот кон нивното полноправно зачленување во Европската Унија, од една страна; и тековните проблеми и предизвиците со кои се соочува Унијата по последната економска криза, од друга страна. Прокетот има за цел да ги пренесе практичните и теоретски искуства   поврзани со новите сознанија во економијата и јавните политики во посткризниот период, а кои треба да се земат во предвид во справување со економските проблеми и реформи во земјите од регионот во функција на јакнење на конкурентноста на нивните економии на патот кон ЕУ.

Предавачи ќе бидат академски професори  од реномирани и добро етаблирани универзитети, како и експерти од релевантни домашни и меѓународни институции. Посебен простор на Школата ќе биде оставен за размена и пренесување на искуствата од успешните македонските компании.
Краен рок за пријавување е 15-ти јуни.

Извор:ОхридПрес

Facebook Коментари