Охрид SOS: Се узурпира и бетонира брегот на Oхридското езеро кај Радожда

- Локални
443

Граѓанската иницијатива Охрид SOS преку допис до медиумите посочува пример на узурпирање и бетонирање на брегот на Охридското Езеро кај село Радожда.

Дописот ви го пренесуваме во целост:

– Дека институциите се рамнодушни и незаинтересирани покажува примерот со узурпирањето и бетонирањето на брегот на Охридското Езеро кај Радожда, кога и покрај реакциите на населението, формалните претставки од нивна и наша страна, веќе над еден месец ниедна надлежна институција не излегла на терен за да направи проверка, да ги санкционира активностите кои се случуваат таму. Молк.
Во меѓувреме, од Општина Струга добивме одговор на барањето за слободен пристап до информации од јавен карактер, каде е наведено дека нема издадено одобрение за партерно уредување на просторот. Но, на местото тешка механизација не само што го уништила и видоизменила брегот, туку поставила бетонски парапет во езерото, рабници, бетон, без никаква дозвола. Пред меѓународните претставници градоначалникот Мерко кажува дека соработуваат со УНЕСКО и сродните организации и тела, додека во реaлноста, секој ден се уништува природното наследство од поединци и групи. Во прилог на ова се и фотографиите, стои во дописот на Охрид SOS.

Извор и фото: Охрид SOS

Facebook Коментари