Лев банер Десен банер

„Ohrid Wine Festival 2026“: Три дена вино, музика и забава на охридскиот кеј

Од 25 до 27 јуни, градскиот кеј во Охрид ќе биде домаќин на петтото издание на „Ohrid Wine Festival“, манифестација која прераснува во еден од најпосетените летни настани во земјава. Организаторите најавуваат богата музичка и гастрономска програма, поголем број винарии и рекордна посетеност.

Во текот на трите фестивалски денови, посетителите ќе имаат можност да дегустираат вина од дваесетина македонски винарии, вклучувајќи ги и малите охридски производители, како и да уживаат во разновидна понуда на храна и музички настапи.

„Охрид три дена ќе живее во ритамот на музиката и виното. Секоја година се трудиме фестивалот да биде подобар, а ова петто издание ќе биде најдоброто досега. Имаме континуирана поддршка од македонските винарии и очекуваме одлична атмосфера“, изјави на прес-конференција претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиноски.

Фестивалот започнува вечерва со настапите на Група Сарај, Дани Димитровска и легендарната група „Меморија“. Вториот фестивалски ден, на 26 јуни, публиката ќе ја забавуваат Броз и Марама, Ѓоко Ѓорчев, Куку Леле и Пауза за ракија.

Големото финале е закажано за 27 јуни кога на сцената ќе настапат Солзи и Смеа, DJ Face, Битолскиот камерен оркестар и Суперхикс.

Организаторите очекуваат посетеност од 50.000 до 100.000 посетители, со што „Ohrid Wine Festival“ ќе го означи и официјалниот почеток на главната туристичка сезона во Охрид, која и ова лето ќе понуди бројни културни, музички и забавни содржини.

StrugaOnline

error: