Охриѓанец заработи кривична пријава, организирал семејна веселба со 20 гости за време на пандемија
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, СВР Охрид, до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против 47-годишниот Ш.К. од Охрид.

– При извршена контрола на 21-ви ноември 2020 година, полициските службеници констатирале дека тој, организирал семејна веселба со присуство на 20 гости во неговиот дом. Со тоа, пријавениот постапил спротивно на одлуката и препораката за заштита на здравјето на населението од вирусот COVID-19, информираат од СВР Охрид.
извор: СВР Охрид
фото: архива

