Oливер Спасовски од Струга-Република Северна Македонија се етаблираше како важна алка во градење решенија при евентуални мигрантски кризи

- Локални, Македонија
357
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски  денеска во Струга присуствуваше на настан посветен на отпочнувањето со реализација на регионалната програма за миграции – Хуманитарен аспект на мешани миграциски текови, во организација на Црвениот крст на Република Северна Македонија, поддржана и финансирана од страна на Швајцарскиот Црвен крст, Швајцарската Агенција за Развој и Меѓународната Федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина.
,,Република Северна Македонија во изминативе неколку години, во соработка со земјите од регионот, со ЕУ, со низа релевантни меѓународни асоцијации и организации специјализирани за проблематиката со миграциите, активно учествуваше и се етаблираше како важна алка во креирањето и градењето на нови нормативни, системски и други мултилатерални решенија во насока на подготвеност при евентуални мигрантски кризи. Натамошната активност на институциите, како што е и Црвениот крст, и во делот на миграциите, не само што е потребна, туку и неопходна.,, -изјави Спасовски
Тој во свое име и во име на МВР  посака успешна и плодна работа во континуираното надградување на човечките ресурси и изрази уверување  дека со новите знаења од областа на миграциите уште поквалитетно ќе се инкорпорираат во системот за превенирање на бегалските кризи, особено во делот на хуманитарната помош.

Facebook Коментари