Оливер Спасовски во Охрид: Ќе сториме се за што е можно поквалитетни предуслови за работа на полицијата

- Локални, Македонија
582

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, утрово во Охрид се обрати на “Меѓуресорска соработка во справување со насилен ектремизам и борба против тероризам“ во организација на Канцеларијата за соработка со одбраната при Амбасадата на САД и Националниот комитет за борба против тероризам и насилен екстремизам.

„Во Министерството за внатрешни работи во тек се интензивни процеси за зајакнување на институционалните капацитети на специјализираните единици, со развој и имплементација на методологија на работа, стандарди и континуирани обуки. Министерството ја препозна потребата од изнаоѓање на квалитетен механизам за борба против најголемата закана на 21. век – тероризмот, поради што во Бирото за јавна безбедност, во рамки на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал функционира специјализирана Единица за сериозен криминал и тероризам.’ –  рече министерот Спасовски на оваа тема.

Во рамките на посетата на Охрид, Спасовски имаше работни состаноци со Полициската станица за граничен надзор Охридско езеро, сообраќајната полиција и Полициската станица за граничен надзор Свети Наум.

„При разговорите со челните луѓе на двете Полициски станици и на собраќајната полиција, функционалноста и ефикасноста во работењето на овие полициски служби е на задоволително ниво, секако со тенденција за натамошно квалитативно подобрување. Исто така, од посебна важност е и степенот на безбедност во сообраќајот, дотолку повеќе, што станува збор за исклучително фрекфентен сообраќаен регион. Дополнително, пред сè Полициската станица за граничен надзор Охридско езеро, покрај обврските од аспект на граничниот надзор, има задолженија поврзани и со поконкретна заштита на езерото, особено рибниот фонд овде во Охрид, но и во Преспа, а воедно треба да се има во вид и фактот дека обемот на работа на Граничниот премин Свети Наум од година во година бележи благ пораст. Свесни за важноста и улогата на припадниците на полицијата , ние како раководство ќе сториме се во рамки на законските и финансиски можности да овозможиме што е можно поквалитетни предуслови за работа.“ – истакна Спасовски.

Тој денес ја посети Полициската станица за граничен надзор Свети Наум, а во рамки на посетата во 13:00 часот во општина Вевчани ќе оствари средба со градоначалникот на Вевчани, Сашо Јанкоски.

Strugaonline

Facebook Коментари