ООУ „Јосип Броз Тито“ организира дефиле и забава по повод Денот на шегата
Во понеделник, ООУ „Јосип Броз Тито“ Струга организира забава со учениците по повод Први април- денот на шегата.

„Иако не е национален празник, сепак е ден исполнет со шеги и насмевки за децата.“ – истакнуваат од училиштето.
Од ООУ „Јосип Броз Тито“ ги покануваат сите училишта да се приклучат во дефилето низ градот што ќе запоќне во 9:00 часот, а еден час подоцна ќе има забава на ракометното игралиште.
Strugaonline
фото: архива

