Тешка сообраќајка во Кичево, три лица загинаа, четворица се повредени

- Хроника
2034

Тешка сообраќајна незгода во која загинаа три, а уште три лица се повредени се случи рано утрово, околу 04:50 часот на улицата „Магистрален пат“ во Кичево.

– Во незгодата учествуваа патничко возило марка „Пежо“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од страна на 19-годишниот С.И. од Кичево и патничко возило „Фолксваген голф“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од 32-годишниот К.Е. од кичевското село Трапчин Дол. Од здобиените повреди на местото на несреќата починале возачот К.Е. и неговиот сопатник, 20-годишниот А.С. од село Трапчин Дол, додека возачот С.И. им подлегнал на повредите на пат кон Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид и во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, се здобиле 19-годишната Т.С. од Кичево, В.П.(21) од селото Подвис, кичевско, П.К.(21) од Кичево и еден малолетник од Кичево, сите сопатници во возилото „Пежо“. На местото на несреќата увид извршиле Јавен обвинител и полициски екипи. По наредба на Јавен обвинител, телата на починатите се дадени на обдукција, информираат од СВР Охрид.

Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари