Опожарена трска кај струшко Калишта

- Локални
474

На 2-ри март 2021 година, во 12:45 часот во ОВР Струга пријавен е пожар на трска кај месноста „Калишко Поле“ на брегот од Охридското Езеро, во близина на струшкото село Калишта.

– Од извршениот увид, констатирано е дека опожарена е езерска трска во должина од околу 400 метри и ширина од околу 40 метри, а со интервенција на Територијалната противпожарна единица, спречено е неговото натамошното ширење. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, информираат од СВР Охрид.

Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари