Општина Струга бара истрага од надлежните за наводно извршена злоупотреба

- Локални
1012

Општина Струга на својата интернет страница објави дека ги повикa сите надлежни инситуции за спроведување на законот, основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, МВР и финансиската полиција да ги истражат, како што велат,  финансиските злоупотреби како и законските прекршоци од страна на поранешниот градоначалник на Општина Струга и тогашната администрација.

Од Општина Струга во соопштението велат дека бараат да се истражат следните случаи:

1. Како се исплатени 2 милиони евра преку извршител без да се префрлат на сметката на Општина Струга.
2. Како се вработиле лица кои вопшто не се појавувале на работа, а меѓутоа земале плата.
3. Ревизија во Општина Струга на сметките уплатени за одржување на депонијата.
4. Како се давале дозволи за градење и како некои лица се олеснувани или ослободувани од комуналните такси минатиот мандат.
5. Тендерот за шеталиштето.
6. Тендерот за семафорите во Струга.
7. Тендерот за униформите на пожарникарите за претходните четири години и други законски повреди.

Бараме од надлежните инсититуции да утврдат дали овие проекти се законски заради тоа што Општина Струга е оштетена финансиски со 3.5 милиони евра и одговорните лица да се стават под правна одговорност. Граѓаните на Струга заслужуваат да знаат како се потрошени нивните пари.“- додаваат од Општина Струга.

Извор: Општина Струга

фото: архива

Facebook Коментари