МТСП: Пензиите се редовни и продолжуваат да растат, со сет мерки ја стабилизираме дупката од 15 милијарди денари во ПИОМ

- Македонија
610

Неодговорното однесување на претходното раководство, погрешните политики и ад хок покачувања на пензии, надвор од законската рамка за 10 години направи дупка од околу 15 милијарди денари во Фондот за ПИОМ.-информираат од МТСП

-Со пензиската реформа на актуелната Влада која стартуваше од почетокот на јануари, обезбедуваме стабилна исплата и континуиран раст на пензиите, без при тоа да се замрзнуваат и да се зголемува старинсата граница за пензионирање. Со Закон воведуваме редовно усогласување на пензиите. Пензиите ќе се усогласуваат два пати во годината и тоа  100%  со порастот на трошоците на живот, наместо 50% како што беше претходно. Воведена е и законска одредба со која што ќе има дополнително усогласување на пензиите од 1 април, доколку бруто домашниот производ во претходната година има реален пораст над 4%.- додаваат од министерството

Од МТСП потенцираат дека оваа влада во изминатите две години обезбеди стабилна исплата и континуиран раст на пензиите. Доказ за тоа се статистичките параметри коишто покажуваат евидентен раст на пензиите во Македонија. Така, во 2016 година просечната пензија изнесуваше 13.754 денари, во 2017 година 13.954 денари, а во 2018 година 14.421 денари.

Strugaonline

Facebook Коментари