Општина Струга бара укинување на полицискиот час и отварање на угостителските објекти
Kризниот штаб на Општина Струга денеска одржа состанок каде што се дискутираше за враќање на животот во нормала, олеснување на мерките односно отстранување на забраната за движење и за локалниот економски развој.

Кризниот штаб предложи да се укине полицискиот час, граѓаните да се движат слободно почитувајќи ја социјалната дистанца и другите заштитни мерки, за да постепено животот се врати во нормала. Бизнисите, кафеаните и рестораните да се отвораат и да продолжат со работа затоа што туризмот е еден од најважните сектори во однос на локалниот економски развој.
-Олеснувањето на мерките и отворањето на локалните бизниси се неопходни за враќање на животот во нормала, за заживување на локалната економијата и за општата благосостојба на нејзините граѓани. -стои во соопштението од Општина Струга.
Strugaonline

