Кривична пријава за лице од Скопје поради „бесправно градење“ во Мислешево

- Локални
1372

ОВР Струга, до надлежното Основно јавно обвинителство поднесе кривична пријава против М.С.(38) од Скопје и против правното лице „Блуинвест“ со седиште во Струга, за сторенo казнено дело „бесправно градење“.

-Пријавениот, во својство на управител на фирмата и инвеститор, во текот на минатата година, на локација во струшкото село Мислешево,   без соодветно одобрение за таква градба, започнала со изградба на објект за домување. По извршениот инспекциски надзор, донесено е решение со кое, на  инвеститорот  му се наложува, да се  прекине со изградбата и во определен рок да го усогласи објектот според  претходно издаденото одобрение .-информираат од СВР Охрид.

Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари