Општина Струга: Добивме гаранција од премиерот Ковачески дека ќе се реши проблемот со кучињата скитници

- Локални
532
Вчера во попладневните часови добивме многу добриа вест во врска со проблемот (веќе покренат на државно ниво) со третманот на кучињата скитници.-соопштија од Општина Струга.
-Општина Струга, на чело со Градоначалникот, г-дин Рамис Мерко, постанаа иницијатори за решавање на ова многу деликатно прашање.  Добивме гаранција од премиерот на РСМ, г-дин Димитар Ковачевски, кој  го подигна ова прашање на повисоко институционално ниво за да се реши на национално ниво. Општина Струга постојано бараше овој проблем да се решава во највисоките државни институции, од кабинетот на Премиерот и владиниот кабинет до националните агенции со ексклузивни законски овластувања. За решавање на овој проблем потребна е државна интервенција со сите расположливи механизми, од државниот буџет, до државни институции и меѓународни проекти.-стои во соопштението од Општина Струга.
Оттаму изразија посебна благодарност до премиерот, Г-дин Ковачевски и до сите членови на Владата на РСМ кои пристапија кон иницијатива на Општина Струга, за како што велат , еднаш засекогаш да се реши овој многу сериозен проблем.

Facebook Коментари