Струга ќе биде претставена на Саемот за туризам во Истанбул

- Локални
335
 Oд 8-ми  до 11-ти февруари  Општина Струга ќе учествува на саемот за туризам „ЕМИТТ“ – Истанбул за да ја претстави Струга како атрактивна туристичка дестинација.
-Ги покануваме сите хотелско-туристички субјекти од Струга да учествуваат на тој саем, но доколку физички не се во можност, да нè снабдат со промотивни туристички материјали за понудата или за нивните сместувачки капацитети, за да можеме ние како општина да ја преставиме на нашиот штанд.-стои во соопштението од Општина Струга.
Додаваат дека  туризмот е стопанска гранка која со себе носи многу придобивки: работни места во туристичкиот сектор, работни места во други сектори тесно поврзани со туризмот и угостителството, примарен приход за оние кои се занимаваат со туризам и хотелиерство, дополнителен приход за многу други категории, локален развој, заштита на животната средина, односно севкупен одржлив развој.
-Имиџот на Струга како атрактивна дестинација мора да биде претставена секаде каде што е можно, затоа сите учесници во туристичките и хотелските активности мора да учествуваат во оваа насока.-потенцираат од Општина Струга.
Заентересираните туристички работници за учество треба да се обратат во Одделението за туризам на општина Струга.
Strugaonline

Facebook Коментари