На ден 4-ти септември 2024 година, во просториите на Општина Струга, Градоначалникот д-р Рамис Мерко, ги пречека учениците од општинските основни и средни училишта, избрани за „најдобри ученици на генерација“ кои добија ваучери и пофалници за постигнатиот успех во учењето, за учебната 2023/2024 година.
Оваа церемонија се одржува по трет пат, под мотото „Биди прв, биди најдобар“.
„Учениците се нашата најсветла иднина и најголемиот потенцијал за развој на нашата општина и држава. Горди сме на ученици те и наставниот кадар за постигнатите високи резултати во воспитно-образовниот процес“ – истакна Градоначалникот д-р Рамис Мерко.
StrugaOnline
Facebook Коментари