Кризниот штаб на Општина Струга одржа состанок во врска со зголемениот број на случаи на КОВИД 19 во последните денови.
„Општинискиот кризен штаб апелира до граѓаните на Општина Струга да бидат внимателни и да ги следат препораките на Владата и Министерството за здравство. Ги замолуваме граѓаните да ги следат протоколите, да одржуваат социјална дистанца, да носат маски и да користат средства за дезинфекција со цел да се спречи зголемување на бројот на заразени лица со коронавирус.“ – стои во соопштението од Општина Струга.
Од таму потсетуваат дека олеснувањето на мерките не значи дека не треба да бидеме претпазливи или дека битката со КОВИД 19 е завршена, напротив, сега повеќе од кога и да било треба да бидеме внимателни и совесни.
Општинискиот кризен штаб ќе продолжи со акцијата за дезинфекција и миење на улици и јавни места и апелира до локалните институции да продолжат со дезинфекција на нивните простории со цел да се заштити јавното здравје и превенција на ширењето на КОВИД 19.
Strugaonline
Facebook Коментари