Време- Претпладне сончево со мала облачност, од пладне врнежи од дожд

- Македонија
393

Денеска претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Oд пладневните часови ќе има локални врнежи од дожд, повремено поројни проследени со грмежи. Ќе дува умерен до засилен претежно северен ветер, најизразен долж Повардарието. УВ=7. Дневната температура ќе се движи во интервал од 14 до 25 степени. Утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во западните делови ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. УВ=7. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 19 до 26 степени.

Извор: УХМР

Facebook Коментари