Општина Струга: На терен сме по 24 часа за расчистување на снегот

- Локални
474
Oд Општина Струга информираат дека екипите oд ЈП Комунално-Струга  задолжени за расчистување на снегот работат на терен 24 часа.
,,Ангажирани  сме за да ја држиме ситуацијата под контрола во овие денови со обилни врнежи од снег и ниски температури. Работата продолжува без прекин како во градот така и во селата Апелираме до граѓаните да избегнуваат непотребни излегувања.“ – додаваат од Општина Струга.
Од ЈП Комунално информираа дека продолжуваат со чистење на паднатиот снег и мразот од тротоарите на поглавните улици , кејовите и чаршијата во Струга.
Strugaonline

Facebook Коментари