Oпштина Струга објави јавен повик за доделување финансиски средства на спортски клубови, граѓански организации и фондации

- Локални
471
Oпштина Струга објави јавен повик за доделување финансиски средства на спортски клубови, граѓански организации од областа на културата и граѓански организации и фондации.
-Целта на овој конкурс е да ја зацврсти и унапреди соработката на Општината со граѓанските организации, спортските клубови и организациите од областа на културата преку воспоставување партнерски релации и да се поттикне решавање на локални проблеми преку поголема вклученост на граѓаните и граѓанските организации.-информираат од Општина Струга.
Право на учество на овој конкурс имаат спортски клубови и здруженија на граѓани и фондации регистрирани на територија на Општина Струга според Законот на здруженија на граѓани и фондации.
Здруженијата кои имаат добиено финансиски средства мината година треба да достават финансиски извештај за финаскисите средтсва и активностите извршени во текот на минатата година, заедно со потребните образеци за аплицирање.
Целосниот јавен повик со потребните образци можете да го најдете на веб страната на Општина Струга.
Образците треба да се достават на шалтер на Општина Струга до 24.03.2023 година.
Strugaonline

Facebook Коментари