Kaсарна Хаб организира Саем за сезонско вработување во туристичкиот сектор во Охрид и Струга

- Локални
470

Касарна Хаб ќе организира Саем за сезонско вработување во туристичкиот сектор во Охрид и Струга за  средношколци над 15 години и студенти кои бараат сезонска работа.

-Ова е фантастична можност да се вработите во некој хотел или ресторан и да стекнете драгоцено искуство во туризмот. Бараме ентузијастички и пријателски настроени луѓе кои сакаат да работаат со туристи од различни култури. Како сезонски вработен, ќе имате можност да работите како угостителски персонал, во ресторан, во кујна, на плажа и слично. Некои од барањата за овие позиции вклучуваат пријателска и позитивна личност, одлични комуникациски вештини. Претходно искуство во туристичката индустрија е плус, но не е задолжително. Потребно е да имате добри комуникациски вештини, познавање на англиски е неопходно за некои позиции и подготвеност да се работа во смени, за викенди, со флексибилно работно време.-информираат од Касарна Хаб.
Додаваат дека се нудат конкурентни плати, бакшиши, забавна и динамична работна средина и можност за стекнување многу нови познанства во целиот свет.
-Доколку сте заинтересирани да аплицирате за една од нашите сезонски позиции, ве очекуваме на 24-25 март во Касарна Хаб од 12 до 18 часот. Очекуваме учество на 30тина туристички и угостителски бизниси од Охрид и Струга. Не ја пропуштајте оваа неверојатна можност да работите во возбудливиот свет на туризмот додека сте на летен распуст.-стои во соопштението од организаторите.

Facebook Коментари