Општина Струга: Oд денеска граѓаните можат да учествуваат во креирање на општинскиот буџет

- Локални
402
Со цел зголемување на транспарентноста и директно вклучување на граѓаните во процесот на донесување одлуки во локалната власт, Општина Струга информира дека од денеска, граѓаните имаат можност да учествуваат во креирањето на општинскиот буџет за 2021 година.
За таа цел, Општината ги повикува сите граѓани, до 18 декември 2021 година, да ги посочат проблемите со кои се соочуваат, како и да дадат предлози за подобрување на условите за живот во нивните населени места, преку е-маил адресите:
,,Предлозите ќе бидат анализирани од страна на стручни лица, од oдделнијата и секторите на Општината, по што, согласно можностите и надлежностите, ќе следува реализација на предложените проекти.,,- соопштуваат од Општина Струга.
Секторот за финансиски прашања објасни дека буџетот е изготвен врз основа на податоците собрани од сите општински сектори и одделенија, јавните претпријатија, основните и средните училишта, како и детските градинки.
  На 21.12.2021 ќе се одржи Буџетски Форум. Општина Струга ги повикува сите заинтересирани граѓани, невладини организации и месни заедници да учествуваат и да придонесат се со цел инклузивност во креирањето на буџетот.
Strugaonline

Facebook Коментари