Oпштина Струга: Oд утре започнуваат градежни активности на улиците „27 Март“,„Браќа Миладиновци“ и „Нико Нестор“, ова се препораките за граѓаните

- Локални
473
Oпштина Струга ги известува жителите на улиците „27 Март“, „Браќа Миладиновци“ и „Нико Нестор“ дека од ден 22.06.2022, сукцесивно ќе започнат да се изведуваат градежни активности на горе наведените улици за реконструкција на камените површини и замена на азбесните цевки на водоводот. Работите ќе ги изведуваат фирмите „Транс АГ“ и „Маркоски К73“ од Струга.
Овој проект се реализира преку Центарот за развој на Југозападниот плански регион, Бирото за регионален равој и Општина Струга. Градежните активности ќе  отпочнат од влезот кај Народниот Музеј на улица „27 Март“ и сукцесивно ќе следат кон наведените улици.
Општина Струга известува ги замолува граѓаните возилата да ги паркираат на споредните улици.
– Ве замолуваме за внимание, бидејќи на терен ќе има градежни активности, посебно како родители да ги известите вашите деца за поголемо внимание. Деловните објекти кои гравитираат на тој дел од улицата да се приспособат на дотур на роба пред или по градежните активности.
Ве молиме за разбирање и соодветно прилагодување од Ваша страна за потребите на брзо и навремено спроведување на градежните работи. – стои во соопштението од Општина Струга.
Strugaonline

Facebook Коментари