Лев банер Десен банер

Општина Струга: Правиме се’ за квалитетно јавно осветлување, но несовесни лица и субјекти крадат струја од мрежата за јавно осветлување

Општина Струга ги информира граѓаните дека, како општина,  прави максимални напори, со сите капацитети што ги има на располагање за да го одржува јавното осветлување на најквалитетно и најефикасно ниво.
-Ќе продолжат интервенциите во градот  и во селата според планот за работа. Но, она што не’ загрижува се веродостојните информации за појавата на кражба на електринчна енергија од мрежата на јавното осветлување од страна на несовесни лица и субјекти, со што се нанесува голема финансиска штета и оштетување на преносните кабли.-соопштија од Општина Струга.
Од таму додаваат дека деновиве нивната рабптна група  ќе излезе на терен и сериозно ќе ги идентификува и ќе поведе судска постапка против секој потенцијален насилник.

error: