Време-Облачно и ветровито, попладне повремен локален снег

- Македонија
255

Променливо облачно со умерен до засилен ветер од северен правец особено вдолж Повардарието. Попладне и во текот на ноќта претежно во северните делови ќе има повремен локален снег. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 3 до 12 степени. Утре ќе биде променливо облачно со повремен локален снег. Ќе дува умерен до засилен, а вдолж Повардарието повремено силен ветер од северен правец. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 0 до 7 степени.

Извор: УХМР

Facebook Коментари