Oпштина Струга: Се решава еден повеќегодишен проблем на граѓаните – се гради нова патека во Драслајца

- Локални
886
Oпштина Струга започна со изградба на нова патека во село Драслајца.
,,Жителите на ова село долго очекуваа преземање на мерки за остварување на овој проект. Градоначалникот Рамис Мерко согласно своите должности пристапи кон активно решавање на проблемот. Како одговорна институција што се грижи за потребите на граѓаните се обврзуваме дека во најкус можен рок жителите на Драслајца ќе ја добијат новата патека што ќе биде од полза за целото село исто така и на околните села, а посебно за децата затоа што нивната безбедност е на прво место во обезбедување подобри услови и побезбедно доаѓање и заминување од училиште.,, -стои во соопштението.
Од Општината повикаа на соработка во корист на јавниот интерес, а во врска со изведување на градежните активности за изградба на патеката.

Facebook Коментари