Лев банер Десен банер

Општина Струга со нови чекори кон транспарентност и борба против корупцијата

Градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќура, одржа работна средба со претставници на National Democratic Institute (НДИ) – канцеларија Скопје, на која во фокусот беа реформите за унапредување на транспарентноста и спречувањето на корупцијата.

Централна тема на состанокот беше ангажманот на меѓународната експертка Тања Карлебах, која има повеќе од 25 години искуство и ќе обезбеди поддршка за развој на ИТ системите, како и за зајакнување на механизмите за отчетност во општината.

На средбата беа презентирани и конкретни активности што следуваат, меѓу кои проценка на ризици од корупција, подобрување на управувањето со јавните финансии, унапредување на процедурите за јавни набавки, како и спроведување обуки за јакнење на институционалниот интегритет.

Како дел од процесот на дигитализација, особено внимание беше посветено на воведувањето на Document Management System (DMS) систем за архивата на општината. По веќе реализираната дигитализација на плаќањата за даноци, Општина Струга продолжува со модернизација на административните процеси, при што архивата веќе е во фаза на дигитална трансформација.

Оваа соработка има за цел да придонесе кон поефикасна, потранспарентна и поодговорна општинска администрација, во служба на граѓаните.

StrugaOnline

error: