Општина Струга: Среќен 8-ми март, искоренувањето на дискриминацијата врз основа на пол е нашата главна цел

- Локални
297
Тимот на Општина Струга упати честитка до сите припаднични на понежниот пол, по повод Меѓународниот ден на жената, потенцирајќи дека искоренувањето на дискриминацијата врз основа на пол е главната цел кон која се стремат.
,,Без целосно еднакви права меѓу жeните и мажите, не можеме да зборуваме за современ свет и правата на човекот. Искоренувањето на сите форми на дискриминација, врз основа на пол, е целта кон која се стремиме. Ова е еден од нашите најголеми предизвици, од кој нема да се откажеме и ќе се бориме, сѐ додека не се постигне целосна еманципација и вистинска рамноправност. Но, оваа борба, не е борба, само, на жените! Ова е заедничка борба, на жените и мажите, на сите поборници за човековите права и бранители на човековото достоинство.,, – велат од Општина Струга.
Strugaonline

Facebook Коментари