Лев банер Десен банер

Општина Струга учествува на Меѓународниот саем за туризам во Тирана

Општина Струга учествува на четвртото издание на Меѓународниот саем за туризам во Тирана, кој се одржува од 2-ри до 4-ри јуни 2022 година во ЕкспоСити.
– За време на саемот нашата општина ќе ја претстави својата туристичка понуда, најпрво, природните убавини, потоа културното наследство, гостопримството, но и одличните услови за престој и одмор, особено многу поволните цени на туристичките услуги и производи.-информираат од Општина Струга.
Од Општина Струга ги повикуваат сите граѓани на Албанија и пошироко да ја посетат Струга и да поминат пријатен одмор.

error: