Општина Струга во соработка со УСАИД со проект за мултиетничко општество

- Локални
731

 

Во просториите на општина Струга, шефот на кабинетот г. Дашмир Насуфи го пречека и одржа средба со координаторот на проектот „Зајакнување на социјалната кохезија”, г-дин. Пајтим Саити.

На средбата се разговараше за проектот “Зајакнување на социјалната кохезија”, проект финансиран од УСАИД, кој ќе се имплементира во десет општини во државата.
Целта на проектот е меѓуетничка интеракција помеѓу децата и младите преку спортски активности, вклучувајќи тука елементи на соработка, комуникација, инволвирање на сите, со цел да се надминат бариерите на етничката припадност.

Општина Струга продолжува и понатаму да ги поддржува ваквите активности и проекти. Во наредните денови, градоначалникот заедно со градоначалниците на останатите девет општини ќе потпишат Меморандум за соработка и реализација на активностите на овој проект.

Извор: Општина Струга

Facebook Коментари