Лев банер Десен банер

Општина Струга започнува со подготовка за изградба на пречистителна станица во Лабуништа

Општина Струга започна со изработка на сеопфатна техничка документација за изградба на пречистителна станица за отпадни води во село Лабуништа, проект кој претставува долгорочно и одржливо решение за заштита на животната средина.

Проектот е конципиран со можност за идно проширување, со што ќе се овозможи опфаќање и на дополнителни населени места од регионот. Изработката на документацијата се реализира во рамки на проект на УНДП, финансиран од Владата на Шведска, со поддршка од Министерство за животна средина и просторно планирање.

Предвидените активности опфаќаат современ и ефикасен третман на отпадните води, поврзување на постојната канализациска мрежа, како и изградба на неопходна придружна инфраструктура.

Во процесот активно се вклучени општинските служби, експерти од УНДП, проектантскиот тим, како и претставници од локалната заедница од Лабуништа.

Градоначалникот Менди Ќура истакна дека проектот претставува важен чекор кон подобрување на животната средина и квалитетот на живот на граѓаните.
„Овој проект е важен чекор кон подобрување на животната средина и квалитетот на живот на граѓаните. Ќе придонесеме за заштита на водните ресурси и ќе создадеме предуслови за одржлив развој“, нагласи тој.

Од Општина Струга посочуваат дека продолжуваат со конкретни активности насочени кон модернизација на инфраструктурата и заштита на животната средина, со јасна цел – почиста животна средина и подобра иднина за сите граѓани.

StrugaOnline

error: