Лев банер Десен банер

Ученичката Михаела Милеска од ПОУ „Дедо Лазар Циркоски“ Враништа со максимални 100 поени освои прво место на регионалниот натпревар по физика

Ученичката Михаела Милеска од ПОУ „Дедо Лазар Циркоски“ с. Враништа постигна извонреден резултат на регионалниот натпревар по физика, кој се одржа на 4 април 2026 година.

Со освоени максимални 100 поени, Михаела го освои првото место, потврдувајќи го својот талент, знаење и посветеност во оваа научна област. Нејзиниот успех е резултат и на континуираната поддршка и менторство од наставничката Христина Пејоска Тренески.

Со овој врвен резултат, Михаела обезбеди загарантирано учество на државниот натпревар по физика, кој ќе се одржи на 6 јуни, каде ќе има можност да го претставува своето училиште и регионот на највисоко ниво.

Од училиштето ПОУ „Дедо Лазар Циркоски“ упатија искрени честитки за постигнатиот успех, посакувајќи ѝ многу среќа и уште поголеми достигнувања на претстојниот државен натпревар.

StrugaOnline

error: