Оркестарот со зурли и тапани од Вевчани и етно групата Меџидија вечерва ќе одржат концерт во Струга

- Локални
1505

Во организација на Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга вечерва  со почеток во 21:00 часот, на Летната сцена ќе се одржи концерт на Оркестарот со зурли и тапани од Вевчани и етно групата Меџидија. Сите вљубеници во изворната вевчанска музика и почитувачи на македонско музичко културно наследство ќе имаат можност да уживаат во овај концерт на традиционална изворна музика.
ВЛЕЗ БЕСПЛАТЕН, а овај проект е овозможен со финансиска поддршка од Министерството за култура на РМ.

Извор: Strugaonline/ЦК Браќа Миладиновци – Струга

Facebook Коментари