Мега мултимедијалниот проект „Вивалдиано“ вечерва ќе донесе посебна магија во Антички театар

- Локални
830

Kонцертниот 3Д спектакл „Вивалдиано“ вечерва ќе биде изведен во Античкиот Театар во Охрид со почеток во 21:00 часот  во рамки на годинашното „Охридско лето“.

„Вивалдиано“ претставува многу популарен  безвременски музички проект составен од реномирани музичари од различни стилови со внимателно доделени улоги. Во склоп на овој проект настапуваат повеќе  од 60 музичари, танчери и наратори. Спектакуларниот проект „Вивалдиано“ прв пат ќе биде претставен на македонска сцена.

Шоуата на „Вивалдиано“ добиваат уникатна димензија благодарение на дизајнот на светлата и 3Д проекциите на јапонскиот уметник, режисер и аниматор Косуоке Сагимотоа.

На сцената во Античкиот театар во Охрид,  „Вивалдиано“ ќе се претстават со композициите на италијанскиот композитор Антонио Вивалди, преработени преку вешто спојување на класичната музика со модерни елементи.

Facebook Коментари